Работнички ги прокнижи бодовите од дуелот со Академија Пандев

Скопскиот фудбалски прволигаш Работнички на кого пролетва му претстои битка за бегство од опасната зона, како домаќини во воведниот меч од 22. коло го освлада составот на Академија Пандев (1:0). Стрелец на единствениот гол за „романтичарите“ на арената „Тоше Проески” беше Виктор Велковски во 56. минута по нафрлувањето на Себастијан Ерера.
За Работнички ова е трета победа во четвриот настап од пролетниот дел на сезоната во кој имаат и реми. Покрај денешниот триумф, претходно Работнички беше поуспешен од Струга Трим Лум (1:0) и  Шкупи (2:1), а ремизираа со Вардар (0:0). Со собрани 25 бода „романтичарите“ од дното се искачија на  осмата позиција на табелата.
Останатите четири натпреаври од 22 рунда се играат утре. Ренова ќе биде домаќин на Вардар, Шкендија ќе патува во Велес на средба со Борец, Силекс ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, а Струга Трим Лум пред своја публика ќе игра против Шкупи.
Треба да знаете
Последни објави