Први жртви на коронавирусот на источниот брег на САД, властите порачуваат постарите лица да останат дома

Два смртни случаи од коранивирусна инфекција денеска се регистрирани во Флорида, први жртви на болеста на источниот брег на САД, каде вирусот се шири брзо и заклучно денеска во земјава се забележани вкупно 340 случаи на инфекција, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Федералниот Центар за контрола и превенција на заболувањата (ЦДЦ) денеска соопшти луѓето во поодминати години и оние со сериозни здравствени проблеми да не излегуваат надвор и да избегнуваат места со толпи луѓе. Според препораките на ЦДЦ, постарите луѓе и оние со здравствени проблеми вклучувајќи срцеви, белодробни или бубрежни заболувања „да останат дома колку што е можно подолго”

Досега во САД вкупно 16 луѓе починаа од вирусот, што во изминатите два месеца се прошири во глобална пандемија. Тринаесет смртни случаи се од сојузната држава Вашингтон, еден е од Калифорнија, два од Флорида. Според Одделот за здравство на Флорида, починатите биле на над 70 годишна возраст и патувале во странство.

Од вчера, најмалку седум сојузни држави објавија дека на нивна територија се забалежани заболувања од Ковид-19, додека неколку држави каде претходно се појавија првите случаи соопштија дека бројот на инфекции се зголемил, според податоците објавени од универзитетот Џон Хопкинс, еден од најистакнатите научно-истражувачки центри во областа на медицината во САД.

Како што е веќе познато, во крузерот укотвен недалеку од брегот на Сан Франциско тестот за короноавирус е позитивен кај најмалку 21 лице.

Вашингтон и Калифорнија неделава прогласија вонредна ситуација, а тоа синоќа го сторија и Јута, Мериленд и Кентаки. Во некои од државите веќе се откажуваат настани каде се собираат толпи луќе, како на прмер фестивалот „Југ-југоисток” во Остин, Тексас, каде следниот петок требаше да дојдат над 100 илјади посетители.

На глобално ниво досега се регистрирани над 104 илјади коронавирусни инфекции, а починаа над 3.500 луѓе, најголем дел од нив во Кина.

Треба да знаете
Последни објави