Арсенал влегува во серија, Шефилд Ј. останува во игра за ЛШ

Арсенал ја запиша и третата победа во низа во англиската фудбалска Премиер лигата со која се враќа во игра за позиција која ќе му обезбеди настап на евро-сцената во новата сезона, а Шефилд јунајтед останува во борбата за Лигата на шампиони.
„Топчиите”, во сиромашното премиерлигашко коло со голови, попладнево го совладаа Вест Хем со 1:0. Единствениот погодок на „Емирати” беше дело на Алексадар Лаказет со 78. минута.
Шефилд Ј. пак, со идентичен резултат славеше над Норич. Голот на Били Шарп од 36. минута на крајот се покажа како доволен за нови три бода за тимот од „Брамал Лејн”.
Премиер лига, 29 коло, резултати
Арсенал – Вест Хем 1:0
Шефилд јунајтед – Норич 1:0
Кристал палас – Вотфорд 1:0
Саутемптон – Њукасл 0:1
Вулверхемптон – Брајтон 0:0
Ливерпул – Борнмут 2:1
Табела: Ливерпул 82, Манчестер сити 57 (-2), Лестер 50 (-1), Челзи 45 (-1), Вулверхемптон 43, Шефилд Ј. 43 (-1), Манчестер Ј. 42 (-1), Тотенхем 40 (-1), Арсенал 40 (-1), итн.
Треба да знаете
Последни објави