Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре планира да замине во еднодневна посета на Брисел, соопшти неговиот Кабинет.
Во соопштението се вели дека тој ќе отпатува за Брисел на 9 март, но причината не е прецизирана.
Најавата се случува по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хрватска, каде Турција беше критикувана дека „го користи очајот на мигрантите за политички цели”.