Во дуелот на двете екипи од Лос Анџелес, Лејкерс забележа победа над Клиперс со 112:103. Ентони Дејвис со 30 и Леброн Џејмс со 28 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Пол Џорџ со 31 поен беше најефикасен кај Клиперс.
Лејкерс се зацврсти на чело на Западот со 49 победи, односно шест повеќе од Клиперс и седум повеќе од Денвер.
Хјустон рокетс продолжи со лошата серија, па тие беа поразени од Орландо со 106-126, додека Далас беше изненаден од Индијана на домашен терен со 109-112, а не помогна ниту одличниот настап на Дончиќ, кој постигна 36 поени и 10 скокови.
Кливленд успеа да го победи Сан Антонио со 132-129, а победи запишаа и Њујорк никс против Детроит со 96-84, потоа Мајами против Вашингтон со 100-89 и Торонто против Сакраменто со 118-113.
ЛА лејкерс со биланс 49-13 (победи – порази) е најуспешен тим во Западната конференција, додека лидер на Исток е Милвоки со ефект 53-11.