Париз: Еден повреден во напад во џамија

Еден човек е тешко повреден кога вооружен маж со кацига на главата отвори оган во двор на џамија во Париз, јави француската телевизија БФМ.

Во извештајот се наведува дека напаѓачот влегол во внатрешниот двор на џамија во 19-от округ во Париз во неделата вечер и пукал во друго лице. Според БФМ, напаѓачот побегнал на скутер во непознат правец.

Медиумите објавија дека 32-годишен маж е сериозно повреден и е пренесен во болница во сериозна состојба.

Според извештаите на медиумите, во моментот на нападот имало 15 лица во џамијата, но никој друг не бил повреден.

Полицијата започна истрага за нападот, но досега не е утврден идентитетот на напаѓачот.

Треба да знаете
Последни објави