Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез присуствуваа на гала вечер на доделување на наградата „Портрет на нацијата“ (Portrait of a Nation Award) во Националната галерија на портрети во Вашингтон. „Заборавете на приватно обезбедување… Џеф Безос ја има Лорен Санчез“, пишува „Пејџ сикс“ и цитира извори блиски до парот, кои тврдат дека Лорен цело време не се одвојувала од својот партнер.
Моќната двојка се појави на свеченото доделување наградата „Портрет на нацијата“ (Portrait of a Nation Award) за 2022 година. Настанот се одржа во саботата.
„Џефј беше многу ангажиран во текот на целата вечер и беше љубезен со луѓето кои му приоѓаа, а Лорен секогаш беше тука за него. Таа е премногу заштитнички настроена кон него. Таа е слатка и прекрасна кон сите, но дефинитивно презаштитнички се однесуваше кон него во текот на вечерта,“ рече изворот, додавајќи дека Безос изгледал опуштено.
На настанот присуствуваа и Серена и Венус Вилијамс, Клајв Дејвис, Ава Дувернеј, Ентони Фаучи, Ненси Пелоси, Хилари Клинтон и други.
Не е јасно кога точно основачот на „Амазон“ почнал врска со Санчез, но тие наводно се заљубиле додека тој бил во брак со Мекензи Скот, а Лорен била во брак со извршниот директор на холивудската агенција WME Патрик Вајтсел.
Безос се разведе во 2019 година и тоа е една од најскапите бракоразводни парници на сите времиња.
Вајтсел, наводно, ја запознал Лорен со Безос, а парот првпат бил виден заедно на Вимблдон.