Мандатарот за состав на новата словенечка Влада, Јанез Јанша, ја објави листата на кандидатите за министри, а веќе оваа недела нивното претставување ќе почне во соодветните собраниски комитети.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, нивното сослушување ќе трае од вторник до петок, а први ќе бидат кандидатот за министер за труд Циглерј Краљ, за надворешни работи Анже Логар и за одбрана Матеј Тонин.
Предложениот владин состав е со кандидати кои во најголем дел веќе имаат политичко искуство, па така седум од нив веќе биле министри во поранешни влади, а двајца се дел и од актуелниот состав под водство на Марјан Шарец.
Меѓу останатите кандидати за министри, еден е поранешен претседател на Собранието, тројца биле пратеници, а тројца немаат поголемо политичко искуство.
Според процедурите, собраниските комитети ќе одлучат дали кандидатите за министери ги исполнува условите.