На удар од коронавирусот се најде и тенискиот турнир во Индијан Велс кој е одложен за спречување да се шири епидемијата. Индијан Велс требаше да биде првиот Мастерс оваа година. -Ние сме многу разочарани што турнирот нема да се одржи, но здравјето и безбедноста на заедницата, навивачите, играчите и сите други кои учествуваат на турнирот е на прво место. Сега бараме опции за одржување на турнирот во друго време, рече Томи Хас, директорот на Индијан Велс.