Орнела Мути – 65 години бурен живот

Познатата италијанска глумица Орнела Мути денеска го слави својот 65-ти роденден. Во нејзина чест, следат неколку интересни факти од творечкиот, но и од личниот живот на ѕвездата.

Потекнува од сиромашно семејство. Татко ѝ починал додека таа била дете. Уште на 13-годишна возраст, девојчето почнало тајни снимања како модел, со што би ѝ помогнала на мајка сѝ да го издржува семејството. По откривањето, Мути едвај не била исфрлена од училиштето. Во истовреме, Орнела ѝ вели на мајка ѝ дека воопшто не се срами да се соблекува и оти подобро тоа отколку да краде.

На почетокот, идната глумица воопшто не се интересирала за творечка кариера. Тоа следувало сосем случајно, кога ја придружувала сестра ѝ Клаудија на кастинг. Тогаш сестра ѝ не ја добила улогата за „Најубавата сопруга”, но Франческа Ривели (вистинското име на Мути) му се допаднала на режисерот и ја добила улогата во ликот на Франческа. Во врска со уметничкото име, тоа на Франческа, на почетокот не ѝ се допаѓало, но наскоро и тоа се променило, иако во приватниот живот, таа сè уште претпочита да биде нарекувана со вистинското име.

Обожавателите на филмот „Скротувањето на расипаната” (Taming of the Scoundrel), долго време ги мачеше прашањето – дали имало романтична врска меѓу Адријано Челентано и Орнела Мути зад камерите? Се покажа дека имало. Самата глумица потоа тоа го призна во интервју. Кусо по излегувањето на филмот, таа се разведе со вториот свој сопруг. Сепак, Адријано не ја оставил својата сопруга заради неа.

Орнела Мути е и полиглот. Освен родниот италијански јазик, глумицата добро говори германски, шпански, француски и англиски јазик. Освен тоа, ѕвездата периодов го учи и рускиот јазик, бидејќи пред две години, поради својот имот во Москва, таа побара и руско државјанство.

Треба да знаете
Последни објави