Во Општина Бутел, в петокот во ресторанот ,,Аликас,, во Визбегово се одржа 14. тортијада ,,Слатка мистерија 2020″, во соработка со ХОА ,,Ангелчиња”. На манифестацијата учествуваа 40-на натпреварувачи од седум општини во Град Скопје и тоа во две категории на изработка на торти: Професионалци и аматери.
На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците од скопските општини каде што лицитираа за сите изложени торти.
Собраните средства ќе одат во хуманитарна цел, поточно ќе му бидат доделени на дваесетгодишниот Филип Комненовски заболен од церебрална парализа.
Слатка Мистерија е уште едена успешна бајка, која се одржува веќе 14 години по ред, а следната година домаќин ќе биде Општина Сарај.
Општина Бутел упатува голема благодарност до Хоа Ангелчиња, Град Скопје и вработените на Општина Бутел за неизмерната поддршка за реализација на овој хуман настан.