Во изминатите 24 часа, од вчера во шест часот наутро до шест часот утринава, според грчки владини извори, кај Еврос бил спречен нелегален влез во Грција на 1.646 мигранти и биле уапсени две лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Ситуацијата на грчко – турската граница кај Еврос, во текот на ноќта и рано утрово е мирна, без инциденти.