Мурат Улкер најбогатиот човек во Турција според „Форбс“

„Форбс“ објави список со имињата на 100-те најбогати луѓе во Турција, при што повторно на врвот е Мурат Улкер, човекот кој сè до минатата година таа позиција ја држеше пет години по ред.

По едногодишна пауза, шефот на „Јилдиз холдинг“, најголемата компанија за храна во Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, се врати на првото место со богатство од 4,7 милијарди долари.

На второ место е шефот на турскиот градежен гигант „Ронесанс“, Ерман Иличак, со богатство од 3,2 милијарди американски долари.

Ферит Шахенк од „Догуш холдинг“ е на третото место со богатство во вредност од 2,4 милијарди американски долари.

Вкупниот број милијардери е ист како лани, 29, додека бројот на жени на списокот годинава се намали од 28 на 25.

Треба да знаете
Последни објави