Во тек е „неделата на Моцарт 2021“, а концертот со кој беше отворен фестивалот го одржа уметничкиот директор Роландо Вилакон со оркестарот Салцбург Моцартеум под диригентската палка на Кери-Лин Вилсон.
Но, деновите на Моцарт оваа година ги одбележа еден посебен настан: светска премиера на непознато дело од самиот музички вундеркинд.
Новооткриеното клавирско соло наречено „Allegro in D – K.626b/16“ го отсвири светски познатиот пијанист Сеонг Џин Чо во Големата сала на фондацијата Моцартеум од Салцбург. Рециталот од 94 секунди беше одржан на 27 јануари, иконичен датум со кој се одбележа 265-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт.
Изгубен ракопис
Моцарт го напишал ракописот кон крајот на 18 век, најверојатно 1773 година, додека ја завршувал посетата на Италија или веќе се враќал во својот роден град Салцбург во Австрија. Тогаш имал 17 години.
Директорот за истражувања во фондацијата, Улрих Лајсингер изјавил дека ракописот изгледа прилично необично за Моцарт, но ги има неговите карактеристики. Се претпоставува дека композицијата е напишана многу брзо, а листот на кој Моцарт ја пишувал не е музички, туку обичен лист и тоа е навистина уникатно парче…
“What a joy to share this extraordinary moment with all of you! Ninety-four seconds of new Mozart, performed by the great pianist @SeongJinCho! Enjoy!” https://t.co/GaGTWGrm1n
— Rolando Villazón (@RolandoVillazon) January 27, 2021
Преземено од Точка



