Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е да се создаде здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого

Интегрален текст од прес конференција на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Состојбата со здравствениот систем е поразителна. Поради дисфункционалноста на системот, страдаат граѓаните. Лекарите и медицинскиот персонал, неповратно заминуваат од Македонија, барајќи поквалитетни услови за реализација на својата професионална кариера.

Здравството не смее да се сфати како област која треба да создава профит и тоа само за малкумина, а огромното мнозинство граѓани да бидат обесправени. По многуте експерименти време е да има нешто конкретно.

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е да се создаде здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого во Република Македонија. Приоритет во здравството ќе биде донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:

  1. Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Република Македонија и во јавното здравство;
  2. Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата  и превентивата;
  3. Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит на пациентот;
  4. Нулта корупција во здравството;
  5. Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;
  6. Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици;

За здравствениот персонал, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе обезбеди за 20% повисоки плати. Зголемувањето на платите ќе се реализира линеарно во период од 4 години. И што е најважно, зголемувањето ќе биде за сите во здравствениот систем. За лекарите, средниот медицински персонал, фармацевтите, стоматолозите, техничкиот и административниот персонал.

ВМРО-ДПМНЕ е за континуитет и комплементарност во здравствениот систем. Заради тоа ќе се воспостави национална мрежа на 4 нови клинички центри.  И сето ова ќе се случи за да се обезбеди интегриран систем на клинички центри  и тоа кампусот клиники „Мајка Тереза“, Клинички центар ГОБ „8 септември“, Универзитетска клиничка болница во Штип и Универзитетска клиничка болница во Тетово. А со ваквите 4 клинички центри, здравствениот систем ќе стане поефикасен и подостапен за сите граѓани за да не ни се случува, она што денес ни се случува.

И секако не треба тука да се запре, предвидени се и реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. По 12-ти април ќе стартува обнова на здравството, за да добиеме вистински, компактен и ефикасен здравствениот систем којшто ќе може да се спротивстави на сите предизвици на денешницава, да не ни се случи повторно, она што денеска се случи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави