МЗТ Скопје го завршува лигашкиот дел од АБА 2 лигата без присуство на гледачи

Македонскиот кошаркарски преставник во регионалната АБА2 лига, МЗТ Скопје ќе го заврши лигашкиот дел од натпреаврувањето без присуство на гледачи. За в среда (18 ч.) е закажано последното коло во регионалното натпреварување, во кое скопјани го пречекуваат Ловќен. Препораката на Владата поради ширењето на коронавирусот натпреаврите да се играат без присуство на гледачи.

Раководството АБА2 лигата потврди дека мечот во „Јане Сандански“ ќе се игра без гледачи. Во пресрет на последното коло, МЗТ Скопје треба да бие битка за зачувавање на втората позиција кој му носи и разигрување за пласман во АБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави