Здружението GSMA назначи претставник на Huawei за заменик претседател на eSIM WG1

Дејвид Пратоне, директор за европска стандардизација и развој на Huawei Consumer Business Group, е избран за заменик претседател на GSMA eSIM Working Group 1 (WG1), што претставува уште едно признание на Huawei како лидер во технологијата eSIM (embed identity module).

eSIM е глобален стандард на GSMA кој овозможува далечинско обезбедување на SIM на кој било компатибилен уред со eSIM. Со замена на физички SIM-картички во комуникациските уреди, технологијата eSIM им овозможува на корисниците да ги преземат информациите за сметката од соодветниот оператор по активирањето на услугите на мобилна мрежа.

eSIM исто така го олеснува проширувањето на мобилната поврзаност со уредите како што се таблети, смарт часовници, фитнес нараквици, преносни уреди за следење на здравствената состојба и други, со намалување на трошоците за развој при обезбедување на сигурно и безбедно опкружување.

GSMA е лидер во развојот на eSIM стандардизацијата, овозможувајќи им на корисниците да користат компатибилни технологии по пониска цена. Групата WG1 игра клучна улога во процесот на поставување стандардите на GSMA, вклучително и архитектурата на eSIM и нивните барања, што работи во корист на сите засегнати страни во мобилниот екосистем.

Huawei инвестира во развој поврзан со eSIM. Првиот бран на појава на eSIM на потрошувачкиот пазар дојде со смарт часовниците и Huawei се придружи со HUAWEI Watch 2. Денес, пазарот на eSIM вклучува смартфони, лаптопи, таблети и други уреди и станува се поважен со доаѓањето на ерата на IoT (Internet of Things).

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави