Филипче: Осум лица се тестираат на коронавирус, меѓу нив и Македонец кој допатувал од Сингапур

Во овој момент здравствените власти испитуваат 8 пациенти за кои се стравува дека можеби се заразени со коронавирусот, соопшти на прес-конференција, министерот Венко Филипче.

Еден од нив е пациент со симптоми кој престојувал во Бугарија и неговата сопруга.

Третиот е патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, како и четири лица кои биле во контакт со заразената двојка од Дебар, но и еден пациент од Гевгелија.

Резултатите за овие лица ќе излезат во исто време и јавноста ќе биде информирана за нивната состојба.

Засега нема да се користат капацитетите на болниците во четирите градови и истите ќе се ангажираат доколку има најава за поголема група која има симтоми или била во контакт со заболено лице од коронавирус, посочи Филипче.

За дополнителни мерки на претпазливост, Комисијата за заразни болести ќе заседава утре. Доколку бидат донесени нови заклучоци со мерки за заштита од коронавирусот, тогаш предлогот ќе биде доставен до Владата.

Треба да знаете
Последни објави