Нов „бисер“ од италијанскиот фудбалски интеранционалец Марио Балотели го привлече вниманието на навивачите. Балотели кој често во својата кариера е во центарот на вниманието, но не поради фудбалските потези, туку поради испадите кои знае да ги приреди на теренот и надвор од него, „луди забави“ за прераскажување им приредува на симпатизерите на турскиот Адана Демирспор каде настапува сезонава.
Најпрво на стартот од сезона удри соиграч на клупата незадоволен од неговата замена, а сега се впушти во физичка пресметка со противнички фудбалер на дуелот против Анталија. При еден контранапад на неговиот тим кој го предводеше токму Балотели се одлучи да застане и да се пресмета со противничкиот играч Фреди кој сосема очекува се обиде да ја прекине акцијата на неспортски начин.
За оваа „мајсторија“ Италијанецот доби жолт картон, исто како и противничкиот фудбалер.