Армани на италијанските болници им донира 1,25 милион евра како помош за коронавирусот

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани донира 1,25 милион евра во болниците како помош за да се спречи ширењето на епидемијата од коронавирусот во Италија.

Четири италијански болници и националната Агенција за цивилна заштита ќе добијат помош од Армани, пренесоа светските агенции.

„Модната куќа ‘Армани’ донацијата од 1,25 милион евра ја насочи за три милански болници и римската болница ‘Спаланчани’, како и за Агенцијата за цивилна заштита“, објави денеска портпаролката на компанијата.

Според статистичките податоци, во 2018 година компанијата ‘Армани’ остварила приход од 2,1 милијарди евра.

 

Треба да знаете
Последни објави