Македонските ракометари против Франција во баражот за СП 2021

– Денеска се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Северна Македонија за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Првиот меч ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека ревашнот во Франција ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни.

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави