На социјалната мрежа Твитер се појави видео од Италијанецот Лука Ф., кој буквално ги моли властите во Италија да му помогнат, бидејќи, како што вели, заробен е во стан со сестрата која пред 24 часа починала од коронавирусот.
Тој се снимаше во живо на Фејсбук покрај креветот на кој лежи починатата девојка.
– Живееме во близина на Неапол, затворени сме во куќа, а Тереза почина вчера – рече Лука низ солзи. Тој објасни дека не смее да ја напушти куќата, бидејќи стравува дека и тој се заразил со коронавирусот додека ѝ давал вештачко дишење на Тереза.
https://twitter.com/kr3at/status/1236792832247160844