Србија ги спушти граничните рампи за патниците кои доѓаат од ризичните подрачја заразени со коронавирусот

Странските државјани кои доаѓаат од подрачјата каде има интензивно ширеше на коронавирусот нема да можата да влезат во Србија. Вака одлучила владата на северниот сосед која денеска донела забрана за влез во земјата на лицата кои доѓаат од Италија, некои провинции од Кина, од Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија. За сите нив привремено ќе биде спуштена рампата на сите гранични премини за влез во земјата.

Покрај оваа забрана донесена е препорака која мора да се почитува без исклучоци за вработените во Србија во здравствениот систем и социјалната заштита, за патување во земјите и регионите каде коронавирусот е раширен.

 

 

Треба да знаете
Последни објави