Коронавирусот ги затвори вратите и за фудбалските натпревари од шпанската Примера

Коронавирусот ги затвори вратите и за фудбалските натпреаври од шпанската Примера. Донесена е одлука претстојните две кола (28 и 29) во шпанската Примера ќе се играат зад затворени врати. Ова е одлука на шпанската влада која ќе биде потврдена по состанокот на министрите во текот на денот. Дали забраната за присуство на гледачите на трибините ќе трае две кола или подолго ќе зависи од ситуацијата со ширењето на коронавирусот.

Реал Мадрид во овие две кола ќе игра на домашен терен, со Еибар, а потоа и со Валенсија, додека пак лидерот Барселона во следното коло гостува кај Мајорка, па го пречекува Леганес.

Треба да знаете
Последни објави