Реал без Марсело и Куртоа на средбите со Манчестер сити и Еибар

Голманот на шпанскиот Реал Мадрид, Тибо Куртоа и дефанзивецот Марсело нема да можат да играат во наредните недели. И двајцата играчи се повредија на натпревар со Бетис (1:2), викендот во рамките на 27. коло од поанската Примера.

Резултатите од медицинските прегледи потврдија дека Марсело и Куртоа нема да можат да учествуваат на натпреварите против Еибар (13 март од 28. коло) и Манчестер сити (17 март, реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите).

Од клубот не даваат прогноза за времето на закрепнување. Сепак, закрепнувањето на Куртоа може да се очекува да трае околу две седмици што значи дека тој ќе го пропушти и дуелот против Валенсија (21 март, 29. коло).

Треба да знаете
Последни објави