Вајнштајн повреден во затворот, се жали на главоболка

Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн (67) на судот во Њујорк е прогласен за виновен за сторено кривично сексуално дело врз една жена и силување на друга жена. Тој беше одведен во злогласниот њујоршки затвор „Рикерс“ пред три дена.

Неговиот портпарол, Џуда Енгелмајер, рече дека Вајнштајн паднал во затвор и бил повреден, пренесува „Си-ен-ен“.

„Тој рече дека го боли главата и смета дека има потрес на мозокот. Досега нема добиено никаква конкретна дијагноза“, рече Енгелмаер.

Вајнстајн е осуден на условна казна до четири години затвор за силување од трет степен и минимум пет години затвор за кривично дело од прв степен. Судбината на холивудскиот магнат се одлучуваше на суд повеќе од 26 часа, а од вкупно пет точки, тој беше прогласен за виновен за две.

Треба да знаете
Последни објави