Силвестер Сталоне ги смени боксерските за латекс-нараквици за да се заштити од коронавирусот додека купува намирници

Силвестер Сталоне почна силна борба во име на хигиената па дури и кога купува намирници во продавница, пренесуваат таблоидите.

Во понеделникот 73-годишниот актер беше забележан во маркетот „Хол фудс“ во Беверли Хилс каде што производите што претходно ги одбрал ги става во кеса, а на рацете има нараквици од латекс.

Најверојатно е многу претпазлив поради ширењето на коронавирусот.

Сталоне беше облечен во црна јакна, црни фармерки и црни патики. Претежно белата брада што ја носи во последните неколку недели му треба додека трае снимањето на филмот за суперхеројот „Самарјанин“.

Се чини дека легендарниот Роки складира голема количина здрава органска храна и дава сè  од себе за да се одржи здрав со ракавици од латекс. Во налет на коронавирусот ширум светот, многумина се заштитуваат со маски на лицето.

Наракавиците може да помогнат да се спречи ширењето вируси и бактерии, но важно е редовно да ги менувате и да не го допирате лицето со валкани нараквици, во спротивно придобивките исчезнуваат.

Сталоне неодамна сподели фотографија од неговиот претстоен филм „Самарјанин“ на која тој обилно крвави од исеченица над носот и има отечено око.

Сепак, не претрпел никакава болка бидејќи неговите повреди се резултат на филмската магија и реални ефекти на шминка.

 

Треба да знаете
Последни објави