Времето денеска ќе биде умерено облачно, повеќе облачност ќе има во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.