Доцна синоќа е одложен натпреварот од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Манчестер сити – Арсенал. Причина е заминувањето на комплетната екипа на Арсенал во изолација, откако претседателот на грчкиот Олимпијакос, Евангелос Маринакис, објави дека е заразен со коронавирус.
Одлуката за одложување на натпреварот една од мерките на претпазливост, бидејќи фудбалерите на Арсенал и луѓето клубот биле во контакт со Маријанакис за време на меѓусебниот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа одигран на 27. февруари, соопшти клубот од Лондон.
Ризикот од играч на Арсенал да биде заразен е многу мал, но според упатствата на британската влада, секој што имал контакт со кој било од заразените, треба да биде изолиран во период од 14 дена.
-Играчите ќе останат дома додека не помине периодот на инкубација од 14 дена. Четворицата вработени во Арсенал кои седеле во близина на Маријанакис за време на натпреварот, исто така, ќе останат дома.
Од Премиер лигата соопштија дека немаат друга алтернатива освен да го одложат мечот и дека засега не постои опасност да се одложат други натпревари.