Гостин во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“ беше Љупчо Николовски, кој кажа дека СДСМ воведе повисоки стандарди во политичкото однесување, селекција, развој на кадри и отвореност на партијата.
Тој исто така истакна дека се уште има послушници на Груевски кои ја влечат државата наназад, а се осврна и на темата со Сафет Бишевац, кој е кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ.
-Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави Николовски, околу т.н „шалтање“ на луѓе на противнички пратенички листи.