Белгиските власти го потврдија првиот смртен случај од новиот коронавирус, ковид-19, во земјата, јави дописничката на МИА.
Станува збор за 90-годишен пациент хоспитализиран во Брисел.
-И покрај сета медицинска нега, денеска почина 90-годишен пациент, изјави министерката за здравство, Маги Де Блок.
Властите им изразија сочувство на членовите на семејството на починатиот, а прес конференција е предвидена претпладнево.
Белгија сѐ уште се наоѓа помеѓу втората и третата фаза на безбедност во однос на пандемијата, трите региони не успеваат да се усогласат за мерките.
Додека Брисел и Валонија преземаат построги мерки како откажување на собири со повеќе од илјада лица во затворени простори, властите во северниот регион Фландрија стравуваат пред сѐ за економските последици од таквите мерки.