Нашиот репрезентативец Филип Кузмановски и дефинитивно ја продолжува кариерата во дресот на Хановер, клуб каде ќе се пресели во текот на летото откако македонскиот репрезентативец доби раскин на договорот со Магдебург на крајот од сезонава.
Спортскиот директор на Хановер, Свен Сорен Кристоферсен, откри дека овој клуб го барал македонскиот бек и пред повеќе од една година.
Исто така Кузмановски е пресреќен од трансферот и очекува поголема минутажа во новиот клуб.
„Со нетрпение очекувам да дојдам во Хановер, да се запознаам со градот и со новата средина. Во текот на преговорите врз мене беа оставени позитивни впечатоци, можам уште сега да ветам дека ќе дадам се за тимот на Хановер да победува“, порача македонскиот репрезентативец.



