Латино дивата Џенифер Лопез (51) негираше дека било кога направила пластична операција и никогаш не правела ботокс. Сепак, нејзините следбеници на социјалните мрежи размислуваат поинаку.
Имено, Џенифер вели дека нејзиниот совршен изглед е сосема природен.
„Само би спомнала дека твоето чело не мрда, а ниту пак веѓите кога зборуваш. Имаш ботокс, дефинитивно. Со тони. Добро е тоа, само да си кажам – стои во еден од коментарите под фотографијата на Џенифер Лопез.

„Хаха, тоа е само моето лице! Зборував 500.000.000 пати, никогаш не сум имала ботокс, нуту сум инјектирала нешто и не сум била на операција. И јас да си кажам – одговори Лопез.
„Ќе бидете и млади и убави, ако додека го трошите вашето време сте позитивни и љубезни и внесувате самодоверба кај другите жени – додаде Џенифер.
Во една пригода, Џенифер призна дека кога имала 23 години нејзиното момче ја терало да стави ботокс. Сепак, таа е среќна затоа што одбила, бидејќи и тогаш се прашувала какво ќе биде нејзиното лице подоцна. И како што и самите гледате, добро постапила.
Преземено од Бриф