Ограбена црквата „Св. Пророк Илија” во беровско Митрашинци

Во Полициската станица Берово, вчера било пријавено дека во периодот од 10 часот на 8 март до 11 часот на 10 март, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија” во беровското село Митрашинци и одзел пари.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, увид на местото на настанот извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави