Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција почна многу да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања.
Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето шамивче, а во салата настана молк.
https://youtu.be/jKu6OxvZk50
Претседателот кажа дека малку се засркнал откако се напил вода.
„Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви“, кажа Вучиќ.
Во Србија се пријавени 19 случаи на инфекција со коронавирус, а воведени се и строги забрани за собирање во затворени простории.