МЖСПП презема превентивни мерки за заштита од коронавирусот

Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, спроведува превентивна мерка за избегнување физичко присуство во просториите на Министерството.

– Тоа е во согласност со вонредните мерки што ги воведе Владата на РСМ за период од 14 дена. Во таа насока, препорачуваме да се сведат на минимум сите состаноци и да намалат сите директни контакти и воедно апелираме до сите корисници на услуги и информации од Министерството да не доаѓаат во просториите на МЖСПП туку да се обратат телефонски на: 02 3225 237 или на маил адреса:

skj.mzspp@gmail.com или infoeko@moepp.gov.mk .

Треба да знаете
Последни објави