„Тико“ излетало кај Непроштено, двајца повредени

На 11.03.2020 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце –Тетово, кај с.Непроштено, патничко моторно возило „даеву тико“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(26) од с.Непроштено, излетало од патот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Џ.Д.(53) од с.Непроштено, а со телесни повреди се здобил возачот, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави