Целиот спортски колектив на Реал Мадрид е во карантин, откако еден кошаркар на „кралевите“ бил позитивен на коронавирус. Фудбалерите и кошаркарите тренираат во ист комплекс, па затоа како превентивна мерка сите се сместени во карантин за да не се прошири вирусот и да не се зарази друг спортист или член на клубот.
Засега не е познато името на кошаркарот кој е инфициран од коронавирусот, но клубот ги презема сите мерки на претпазливост. Ова секако ќе има последици во шпанската Примера и Лига на шампиони, бидејќи фудбалерите ќе мораат да бидат во 14-дневен карантин.
Од претходно како први и најпознати спортисти кои се заразија со коронавирусот се Руди Гобер од Јута џез и фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани.