Интер бара 85 милиони евра за Икарди

Интер очекува да добие 85 милиони евра за напаѓачот Мауро Икарди, пренесува „Goal.com”. Според изворот, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе преговарал со сопругата и агентот на 27-годишниот Аргентинец, Ванда Нара. „Старата Дама” се смета за фаворит во борбата за напаѓачот.

Во тековната сезона Икарди настапува во Пари Сен-Жермен како позајмен играч. Фудбалерот има дадено 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за парижаните.

Порталот „Transfermakt.com” го проценува фудбалерот на 75 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави