Медицинска сестра во Италија: Се плашиме да работиме, заштитната опрема нè повредува

„Се плашиме да работиме, заштитната опрема нè повредува“, објави медицинската сестра во Италија, Алесија на нејзиниот Инстаграм профил, со фотографија од нејзиното отечено лице, на кое може да се забележат модринки од носењето заштитна маска и очила.

https://www.instagram.com/p/B9gmYPLJFt_/

„Заштитната опрема нè повредува, се потиме под неа и откако ќе ја ставиме, не можеме да пиеме или да одиме во тоалет шест часа. Размислете за другите, не се потсмевајте со нашите напори, останете дома и не ја ширете инфекцијата“, вели медицинската сестра Алесија Бонари од болницата во италијанскиот град Гросето.

https://www.instagram.com/p/BZ6ALg6Fn6H/

Тоа ги покажа модринките од носењето маска и очила.

„Се плашам да одам во самопослуга, се плашам да одам на работа. Се плашам дека заштитната маска може да не ми одговара добро на лицето или дека ќе ги допрам валканите раквици, или ќе ми се лизне нешто во очите“, додава медицинската сестра.

https://www.instagram.com/p/Bl7_KPfDRMm/

Треба да знаете
Последни објави