УЕФА за мерките во евро-фудбалот против коронавирусот ќе пресече на 17 март

По прекинувањето на неколку национални фудбалски првенства, се огласи и УЕФА, кој состанокот кој неофицијално беше најавуван за утре, соопшти дека го закажува за во вторник на 17 март. На овој состанок кој ќе биде со конференциска врска со сите членки на УЕФА ќе се решава судбината на фудбалот во Европа. Покрај претставниците на националните федерации, ќе бидат вклучени и претставници фудбалскиот синдикат на професионални фудбалери, асоцијацијата на европските клубови…

Покрај клупскиот на дневен ред ќе биде и репрезентативниот, а тоа значи дискусија и одлуки за претстојните мечеви од разигрувањето во Лигата на нациите, како и самата завршницат од ЕП-2020.

 

Треба да знаете
Последни објави