Жител на Грчец украл „ауди А6“ во Тетово, го прегазил сопственикот додека бегал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(33) од с.Грчец, скопско, и две непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило“.

Разбојничката кражба ја извршиле на 27.11.2019 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, одземајќи патничко возило „ауди а6“, сопственост на Х.К.(32) од Тетово. Тој ги забележал и се обидел да ги спречи, но го прегазиле и заминале.

Додека, двете кривични дела „одземање моторно возило’’, ги сториле во периодот од 31.07.2019 до 26.09.2019, во Тетово, при што го користеле невниманието на сопствениците, кои возилата ги оставале со вклучен мотор, по што пријавените влегувале и ги одземале возилата.

Треба да знаете
Последни објави