– Грчката државна телевизија ЕРТ и грчкиот весник Катимерини денеска соопштија дека биле потврдени први позитивни случаи на новиот коронавирус кај нивни вработени, јави дописничката на МИА од Атина.
Од државната телевизија соопштија дека почнат процесот за пронаоѓање на лицата кои контактирале со заболеното лице, а паралелно се дезинфицираат просториите.
Од Катимерини наведоа дека станува збор за вработен на сајтот на весникот, кој е во добра здравствена состојба.