ОМ се приклучи на Коалицијата „Можеме“: Татковината ни е натпартиска идеологија!

Станавме дел од Коалицијата „Можеме“.

Оценувајќи дека не е време да има идеолошки натпревар и поделби на  проевропските сили во земјава, согледувајќи ги опасностите од обнова  на режимот и повторно назадување на нашата Македонија, решивме да  пристапиме кон Коалицијата „Можеме“.

Тоа го направивме од повеќе причини:

1. Како ВМРО за Македонија, ќе се бориме да создадеме реални услови за  идеолошки натпревар внатре од Собрание. Мора да создадеме демократски  услови во нашата држава за да може да има фер борба на идеи меѓу  левицата, центарот и десницата.

2. Решивме да ги тргнеме идеолошките разлики, бидејќи како патриоти  кои си ја сакаме татковината – таа е натпартиска цел. Обнова на  режимот не ни е потребна.

3. Довршување на започнатите процеси за реформи во судството.

4. Обезбедување услови за почеток на преговорите на РС Македонија во ЕУ.

Затоа, ги тргнавме идеолошките разлики и решивме да се обединиме под  македонското знаме! Додека не се врати целосно демократијата и  системот не профунцкионира, обединувањето е решение!

Треба да знаете
Последни објави