Лисабон станува кобен за тренерите на Барселона

Барселона  изгледа очајно сезонава откако остана без еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси. Синоќа беше поразена убедливо и понижена од Бенфика во Лисабон. Се поизвесно е дека ова е и крај за тренерот Роналд Куман. Историјата ќе се повтори од 2020 година кога истата судбина ја доживеа и Кике Сетиен. На завршниот турнир од Лигата на шампионите кој се играше токму во Лисабон во 2020 година, Барселона загуби со 2:8 од Баерн Минхен во четвртфиналето по што тренерот експресно доби отказ. За разлика од Сетиен, холандскиот стратег Куман според шпанските медиуми ќе биде сменет идната недела кога ќе биде принудната пауза поради репрезентативните обврски во евро-зоната поради мундијалските квалифиакциски натпреаври.

Раководството на Барселона за денеска ќе одржи состанок на кој главна тема ќе биде тренерската смена. Претседателот Жоан Лапорта уште синоќа имал средба со фудбалерите, откако разговарал со нив во соблекувалната по поразот од Бенфика. Разговорот бил воден без присуство на Куман и неговите асистенти, а главна цел на Лапорта била да им порача на фудбалерите дека ситуацијата  брзо ќе биде средена. Ова не е првпат сезонава Лапорта да комуницира директно со фудбалерите по негативните резултати, обидувајќи се да делува позитивно кога работите во клубот не се на посакуваното ниво.

 

Треба да знаете
Последни објави