– Десетгодишното дете кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во Романовце, почина денеска во Градската болница „Св.Наум Охридски” каде што беше хоспитализирано, потврди директорот на болницата Љубен Арсенков.
Починатото дете имало 70 проценти изгореници на телото. Тоа е осма жртва од несреќата во Романовце. Минатата недела почина 55-годишен маж, а претходно и две жени, едната на 63-годишна возраст, другата 36-годишна, како и еден маж на 58 годишна возраст. На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.