Јанушев до Николовски: Со вашето „успешно“ водење на министерството го имате дуплирано трговскиот биланс од 187 на 250 милиони евра

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица три, Игор Јанушев вечерва во емисијата „Топ Тема“ упати жестоки критики за работата на Љупчо Николовски, кој што беше министер на земјоделие, кој според него го има девастирано македонското земјоделие.

Во 2016-та година кога Николовски ја превзема функцијата министер за земјоделие имаше вкупен трговски биланс од минус 187 милиони евра. 2018-та година кога ја напушти функцијата истиот е дуплиран на 250 милиони евра, тоа е неговиот „успех“, посочи Јанушев.

Јанушев додаде дека е разбирливо бидејќи СДСМ е во паника затоа што знае дека ќе се соочи со пораз на 12-ти април.

 

 

Треба да знаете
Последни објави