Јанушев: Корупцијата и криминалот во време на СДСМ цвета според сите релевантни меѓународни институции

Како најголем проблем со кој што се соочуваат граѓаните на Република Македонија, носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, генералниот секретар Игор Јанушев ја посочи корупцијата во своето гостување на „Топ Тема“.

Имаме сериозни теми кои што ги тиштат граѓаните. Една од тие теми е корупцијата. Согласно изводот на Транспаренси Интернешнл јасно се гледа дека во оној период кој Николовски сака многу да го споменува, период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се гледа многу добро каде била Македонија во однос на корупцијата каде е сега. Покорумпиран период во однос на последниве три години апсолутно нема, особено периодот 17-та, 18-та и 19-та, корупцијата цвета и тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува, тоа е затоа што релевантните меѓународни институции тоа го кажуваат. Криминалот, корупцијата и правосудството имаат тотален промашај, во се имаат неуспех, нагласи Јанушев.

Јанушев образложи дека според сите релевантни меѓународни институции во изминатите три години во Македонија цвета на многу високо ниво криминалот и корупцијата.

 

Треба да знаете
Последни објави