Николовски: Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ е победник на изборите, имаме одлична програма за сигурна иднина

Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ е апсолутен победник  на изборите. Тоа сите анкети го покажуваат, а ќе го покаже и волјата на граѓаните на 12 април, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ  на вечерашната дебата на Топ Тема.
„Ние сме насочени кон реализација на политиките што ги ветивме пред граѓаните. Цело лето работевме, имавме 700 средби со граѓаните, одржавме над 35 граѓански трибини, по што ја презентиравме нашата понуда.  Ги промовиравме јавно нашите пет клучни столбови – економски силна држава, еколошка и чиста животна средина, ред-правда-дисциплина, брзи и ефикасни преговори со ЕУ и заокружување на членството во НАТО”, додаде Николовски.
Тој нагласи дека СДСМ има јасна и прецизна понуда со политики кои се консеквентни и кредибилни и дека во изминатите две и пол години СДСМ покажа дека има капацитет и знае како да ја води државата напред.
Треба да знаете
Последни објави