Скопски газди им мерат температура на вработените пред да влезат на работно место

Маркети, конфекции, но и банки и продавници утрово им мереле температура на своите вработени пред да влезат во работните простории. Вработените за 24 инфо велат дека утрово од страна на обезбедувањето не им било дозволено да влезат во фирмите пред да им биде измерена температура.

– На влезот утрово не пречека обезбедувањето со топломер. Ни беше речено да застанеме во ред и на сите ни мереа температура. Потоа ни дадоа ракавици и ни рекоа дека од денес тоа ни е дел од работната опрема, вели вработена во еден ланец маркети во градов.

Слична е состојбата и во централите на дел од банките. И таму утрово на вработените им била мерена температура пред да почнат со работа. Во филијалите од понеделникот скоро сите кои работат со пари носат ракавици.

Со ракавици работат и по приватните менувачници. Маски не носат бидејќи велат дека имаат стакла со кои физички се одвоени од муштериите. Стаклата редовно се бришат со алкохол и така се прави дезинфекција.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави